Sentence alignment for gv-fra-20100327-32374.xml (html) - gv-mkd-20100331-4081.xml (html)

#framkd
1Виртуелен хор: Технологија, соработка и музика
2Фотографија од karenthephotog, CC-By
3Во видеото Како е тоа направено, го објаснува не само процесот на последното повторување на неговиот проект, но исто така и претходните експерименти во прилагодувањето на виртуелниот хор.
4Во првата фаза, побара од пејачите да купат една конкретна музичка композиција и да се снимаат себеси дури пеат без инструментална придружба.
5La chorale virtuelle : technologie, collaboration en ligne et musiqueСкот Хејнс, со кого се имаше сретнато само еднаш во минатото, се понуди да го продуцира делото. Еве го резултатот:
6Одушевен од резултатот, реши да го направи истото уште еднаш, но овој пат ја направи композицијата да звучи уште повеќе како вистински хор:
7И така, овој пат, направив сопствена диригентска снимка, ја снимив во тотална тишина, слушајќи ја во мојата глава само музиката.
8Потоа го гледав видеото и ја свирев диригентската снимка во делот кој е за придружба на клавир… Потоа ги понудив нотите за слободно симнување.
9Кога пејачите почнаа да ми ги испраќаат индивидуалните снимки, објавив „аудиција“ за солото за сопран.
10Наредното видео ги покажува упатствата кои Ерик Витејкр им ги објави на сите учесници.
11Содржат совети околу тоа како да се изведува делото, објаснувања за динамиката на снимањето и диригентската снимка каде Ерик диригира со хорот:
12За виртуелниот хор, 128 луѓе, претставници од 12 различни земји меѓу кои и Аргентина, Нов Зеланд, Филипините, Сингапур и Шпанија испратија 243 снимки од хорското дело „Lux Aurumque“, за кое повторно помогна Скот Хејнс во делот на продукцијата.
13Г-динот Витејкр го напиша следното за завршеното музичко дело:
14Кога за прв пат го видов обработеното видео, се расплакав.
15Интимноста која се гледаше на сите лица, звукот на пеењето, очигледниот поетички симболизам во врска со човечноста која ја споделивме и нашата потреба да се поврзуваме; сето тоа сосема ме обзеде.
16И морам да кажам дека голем дел од заслугата за убавината на видеото е на Скот Хејнс, кој помина неброени саати за продукцијата и дотерувањето на видеото.
17(Патем речено, Скоти и јас се сретнавме во „вистинскиот свет“ само еднаш, спротивно на 99% од учесниците во Виртуелниот хор, со кои се сум се сретнал никогаш).
18Да се надеваме дека Виртуелниот хор ќе продолжи да се развива и да станува поголем!